HomeАктуелноРусија воведе санкции за претседателот на САД и други високи функционери

Русија воведе санкции за претседателот на САД и други високи функционери

Руските власти денеска соопштија дека ги ставиле американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Антони Блинкен и други високи функционери на „стоп-листата“ што им забранува влез во таа држава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Нивните имиња, заедно со секретарот за одбрана Лојд Остин, шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и други, се вклучени на списокот од 13 лица на кои им е забранет влез во Русија како одговор на санкциите воведени од Вашингтон кон руските официјални лица.

На листата е и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.