HomeМАКЕДОНИЈАСерија земјотреси утринава во Македонија.

Серија земјотреси утринава во Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 1.12.2021 година, регистрира два земјотреса чии епицентри се наоѓаат 65 km југозападно од Скопје.

Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, првиот земјотрес е регистриран во 08 часот и 14 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6, а вториот кратко по првиот во 08 часот и 21 минута со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, а потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево.

Земјотресите беа почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Rate This Article:
No comments

leave a comment