HomeАктуелноСе ближи ГОЛЕМ ХРИСТИЈАНСКИ празник – Обичај што го чува македонскиот дом – токму пред големите празници

Се ближи ГОЛЕМ ХРИСТИЈАНСКИ празник – Обичај што го чува македонскиот дом – токму пред големите празници

Тајната на славската погача што го чува домот цела година

До крајот на октомври ни претстојат три значајни празници:
на 26 октомври ја славиме Света Злата Мегленска (недела, не се пости),
на 27 октомвриСвета Петка – Петковден (разрешено на масло и вино),
и на 31 октомвриСвети апостол Лука (петок, разрешено на масло и вино).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Некои ќе празнуваат домашна слава, други именден, но едно е сигурно — на секоја трпеза треба да има славска погача. Таа не е само леб со шеќер и ореви; таа е молитва замесена со раце, вера и љубов.

Се верува дека светата билка – босилекот, доколку се додаде во тестото, внесува божја заштита, благосостојба и мир во домот во текот на целата година. Некои домаќинки листовите босилек ги завиткуваат во алуминиумска фолија и ги спуштаат во плиток џеб на површината на тестото пред печење. Така, велат, светоста од билката се впива во секое делче на погачата. По печењето, фолијата се вади и може да се стави покрај икона — како благослов што трае неколку дена.

Други пак ја крунисуваат погачата со свежи гранчиња босилек, како симбол на чистота и заштита од светителите. Некои ставаат мал букет во средината, како чувар против несреќа и болест. Трети, пак, босилекот го потопуваат во света вода неколку дена, па со таа вода го замесуваат тестото.

Без разлика на начинот, босилекот во домот повикува љубов, хармонија и духовно богатство. Не случајно оваа билка е ценета во народната и духовната традиција — таа симболизира чистота, здравје и врска со божественото.

✨ Затоа, велат старите домаќинки: „Погача без босилек — не е целосна!“

Нека Света Петка, Света Злата и Свети Лука ја благословат секоја погача, а босилекот нека го чува секој дом со мирис на вечен мир и благодат.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.