Полициска акција синоќа се спроведуваше на неколку локации низ државата со цел приведување на сторители на кривични дела.
Дел од медиумите јавуваат дека се вршеле претреси во Арачиново и на други делови од Скопје и државата и дека веќе има уапсени лица.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат повеќе детали во текот на денешниот ден.
