HomeАктуелноСистемски пристап во поддршката и развојот на женското претприемништво во Република Северна Македонија

Системски пристап во поддршката и развојот на женското претприемништво во Република Северна Македонија

Еден од најзначајните фактори за економски раст и развој е претприемништвото. Претприемништвото во основа претставува процес на идентификување на можностите на пазарот и нивно канализирање во бизнис идеи кои во крајна инстанца ќе се ефектуираат на пазарот преку соодветен производ или услуга. Во основа анализата на претприемништвото може да се прави во неколку сегменти: младинско претприемништво, женско претприемништво, социјално претприемништво или агрегирано низ сите димензии.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Кога станува збор за претприемачкиот амбиент во нашата економија малку поспецифична е состојбата во делот на женското претприемништво.

Имено, за развој на женското претприемништво неопходен е системски и интегриран пристап. Потребно е да се работи на јакнење на капацитетите за имплементирање на изготвената Стратегија, бидејќи било каков дисконтинуитет негативно влијае на развојните процеси во областа на женското претприемништво. Понатаму, потребно е јакнење на капацитетите за менторска поддршка на овој тип на бизниси како и креирање на потенцијал во истите за апсорпција на знаење.

Пандемијата покажа дека важен фактор за опстанок и раст на бизнисите е дигитализацијата. Процесите на дигитализација се особено значајни во делот на женското претприемништво, покрај во делот на ефикасност на самите операции и во делот на подобрување на пазарниот потенцијал и раст на продажбата на производите и услугите.

Имајќи ја во предвид кохерентноста на нивоата на развој, потребен е интегриран пристап во развојот на женското претприемништво со руралното претприемништво. Во овој сегмент потребна е поголема вклученост на општините, особено руралните општини и во делот на имплементирање на проекти за развој на женското претприемништво во руралните средини и во делот на колку што е можно повеќе издвојување на финансиски ресурси за стимулирање и развој на женското претприемништво во руралните средини.

На овој начин ќе се постави добра основа за развој на женското претприемништво, чии ефекти понатаму се мултиплицираат и на пазарот на труд, раст на продуктивноста и воопшто подобрата благосостојба.

 

Пишува за powerinfo.mk Ристе Костовски, магистер по економски науки од областа на монетарната економија, финансиите и банкарството.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.