(ВИДЕО) Ковачевски со честитка за новогодишните празници
Премиерот Димитар Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните истакнува дека во овој момент, најмногу е потребна верба, оптимизам и мудрост. Оставаме зад нас уште една година. Година која не беше воопшто лесна. Но сепак, треба да сме горди на постигнатото. Во рамки на можностите направивме многу.