Новата кампања „Засади желба“ со трите пензиски друштва влегуваат во реализација на серија општествено-одговорни проекти кои вклучуваат создавање нови паркови и нови зелени површини, што за сите нас значат посигурна и поубава иднина.
Учениците при СОСУ,,Св.Кирил и Методиј”- Охрид, дел од овогодишната кампања на трите пензиски друштва: Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје во создавањето „Пензиски паркови“.
Дождливиот декемвриски петок 03/12/2021 обоен во зелено!
Учениците при СОСУ,,Св.Кирил и Методиј”- Охрид, дел од овогодишната кампања на трите пензиски друштва: Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје во создавањето „Пензиски паркови“.Едукативни и информативни кампањи со кои преку пример им сe прикажува на младите генерации дека секоја денешна постапка може да биде инвестиција во процесот на градење поубава иднина на долг рок, мотив да да станат активни учесници во грижата за животната средина.Засадени повеќе садници од пет различни видови листопадни дрва, кои во иднина ќе го разубавуваат дворот на училиштето и ќе придонесат за поздрава и почиста животна средина.• Американски даб• Калемен багрем• Платан• Црвена слива• Јавор
Дождот е подарок од Бога! Носи бериќет, радост, оптимизам!Дрвото е симбол на живот, иднина! – известуваат од средното општинско стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“.