Македонија и денес ќе биде под влијание на многу топол воздушен бран, па времето ќе биде претежно сончево и исклучително топло. Во делови од земјата дневната температура ќе достигне до 40°C, а надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот.
Според прогнозата, ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, особено во планинските региони, ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и ретка појава на грмежи.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Охрид времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.Температувата ќе изнесува 33 степени.
Според најавите на метеоролозите, и во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и многу топло време. Максималната дневна температура на повеќе места ќе се движи околу 40 степени, а во попладневните часови локално ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Поради високите температури, се препорачува граѓаните да внесуваат доволно течности, да избегнуваат директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот и да обрнат посебно внимание на децата, повозрасните лица и хронично болните.
