HomeАктуелноСончево и екстремно топло: Температурите и денес ќе достигнуваат до 40 степени

Сончево и екстремно топло: Температурите и денес ќе достигнуваат до 40 степени

Македонија и денес ќе биде под влијание на многу топол воздушен бран, па времето ќе биде претежно сончево и исклучително топло. Во делови од земјата дневната температура ќе достигне до 40°C, а надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според прогнозата, ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, особено во планинските региони, ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и ретка појава на грмежи.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Охрид времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.Температувата ќе изнесува 33 степени.

Според најавите на метеоролозите, и во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и многу топло време. Максималната дневна температура на повеќе места ќе се движи околу 40 степени, а во попладневните часови локално ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Поради високите температури, се препорачува граѓаните да внесуваат доволно течности, да избегнуваат директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот и да обрнат посебно внимание на децата, повозрасните лица и хронично болните.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.