Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби нов живот, неговата сопруга на свет донесе машко дете.
И покрај болката што ја носи загубата, радоста за раѓањето на синот внесе зрак светлина во семејството Југ. Новороденчето е симбол на продолжување, љубов и надеж живот кој почнува таму каде што друг згасна.
