HomeАктуелноСтуден циклон носи обилни врнежи од дожд, снег и снежна покривка!

Студен циклон носи обилни врнежи од дожд, снег и снежна покривка!

После  стабилното, суво и претежно сончево време, со студени утра и малку попријатни температури преку ден, од 29 Ноември (петок) како и за време на викендот, и тоа под влијание на висински циклон со центар над Средоземјето во Македонија ќе имаме нова голема промена на времето.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сето ова ќе биде проследено и со продор на ладна воздушна маса од север и од североисток. Ќе имаме нови врнежи од дожд, кој повремено ќе бидат обилни (локално над 30 л/м2). На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, каде се очекува да се формира  и поголема снежна покривка (на планинските места, секако и на Скијачките центри со висина локално и над 30 cм). Секако, снежна идила ќе има и на повисоките места.

Што се однесува до пониските места, особено во западните и во северните предели повремено има услови врнежите од дожд да преминуваат во врнежи од снег со што и на овие места ќе има услови за формирање на снежна покривка. Кога станува збор за Скопскиот регион, таму ќе има врнежи од дожд во ниските делови од котлината, а врнежи од снег ќе има на околните планини каде ќе се формира снежна покривка. Услови за повремени врнежи од снег повремено ќе има  и во повисоките предели од котлината.

Оваа голема промена на времето која не очекува, ќе биде проследена  и со ветер од северен и од североисточен правец, кој повремено ќе засилува на интензитет. Температурите повторно позначително ќе опаднат.

Прогнозата е направена од еден од најдобрите метеоролози во Македонија, Славчо Попоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.