ТВ презентерката на вести, Бесмира Ејупи ќе стане генерален конзул на Северна Македонија во Њујорк, САД, објави порталот Зум, повикувајќи се на владини избори. Во Чикаго, пак, веќе е заминат Петрит Муслиу.
Синоќа Владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот Бесмира Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк.
Освен за Ејупи, неодамна е донесена уште една одлука за испраќање на Петри Муслиу за генерален конзул во Чикаго. Муслиу, инаку син на аналитичарот Алберт Муслиу неколку недели веќе е во Чикаго во македонскиот конзулат.
Инаку, ни Ејупи ни Муслиу не се кариерни дипломати, односно не се од МНР, што досега, освен исклучоци беше пракса, а според нашите извори испратени се врз база на блиски врски со функционери на ДУИ.