На 23.02.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се акциски контроли на автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници.
Притоа, на вонреден технички преглед биле испратени 16 автобуси (Охрид-06, Струга-07, Кичево-02, Дебар-01), а кај 4 автобуси констатирани се технички неисправности на уредот за сопирање (Охрид-01, Струга-01, Кичево-01, Дебар-01), информираат од МВР.
Против возачите и правните субјекти поднесени се соодветни платни налози.