Младиот македонски кошаркарски тренер, Антонио Савевски е човекот кој трагично настрада во тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на патот Охрид-Кичево.
Според информациите кои ги објави Министерството за внатрешни работи, Савески со автомобилот удрил во кучиња скитници, а потоа во металните браници покрај патот. По ударот, возилото се запалило.
Антонио беше дел од тренерските тимови на Охрид, Вардар, Водно Санс и Ангели, а во јавноста беше познат како пасиониран колекционер наспортска опрема.
Трагедија кај Охрид: Возило удрило во кучиња, се запалило, загина возачот
