HomeАктуелноТрагедија кај Охрид: Возило удрило во кучиња, се запалило, загина возачот

Трагедија кај Охрид: Возило удрило во кучиња, се запалило, загина возачот

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина на обдукција и за утврдување на идентитетот на лицето, информираат од охридската полиција

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Лице чиј идентитет засега не е утврден го загубило животот во сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случила на магистралниот пат Охрид – Кичево, соопшти Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.

Според информациите синоќа во 23.30 часот во СВР Охрид стигнала пријава дека во магистралниот пат патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки првин удрило во кучиња скитници, а потоа во метални браници патот по што се запалило.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна едница (ТППЕ) Охрид, која во возилото го пронашла телото на починатиот возач.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина на обдукција и за утврдување на идентитетот на лицето, велат од СВР Охрид.

Јавен обвинител и екипа на СВР Охрид извршиле увид местото на несреќата, за време на кој сообрачајот на магистралниот пат бил пренасочен по регионалниот пат Охрид – Струга.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.