Одлуката дали граѓаните на Македонија во иднина ќе треба да купуваат зелен картон за да влезат во Србија, Албанија и Молдавија најверојатно ќе се знае до крајот на годинава, односно кон средината на декември.
Поседувањето на овој документ сега е задолжителен при влез на територијата на Русија , Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко.
Зелениот картон е само доказ дека сопствениците на автомобили веќе платиле осигурување за својот автомобил и не е посебен документ, туку само потврда дека сте платиле осигурување, но за него се издвојуваат одредена сума пари.
Возачите во Македонија во просек ги чини околу 2.000 денари месечно или речиси 4.000 денари годишно.
