HomeАктуелноУтре е Митровденска задушница – ден посветен на споменот на починатите, еве кои обичаи се почитуваат

Утре е Митровденска задушница – ден посветен на споменот на починатите, еве кои обичаи се почитуваат

Православните верници утре, 7 ноември, ја одбележуваат Митровденската задушница – ден посветен на молитва и спомен за починатите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На овој ден верниците традиционално ги посетуваат гробовите на своите блиски, палат свеќи, оставаат цвеќе и се молат за покој на душите на починатите.

Во православната традиција, задушницата е ден кога посебно се упатуваат молитви за упокоените. Вообичаено се принесуваат варена пченица и вино, а се подготвуваат и други дарови во согласност со локалните обичаи.

За многу семејства ова е можност да се соберат, да ги посетат вечните почивалишта на своите најблиски и да се потсетат на оние кои повеќе не се меѓу нив.

По повод задушницата, во некои градови се организираат и посебни активности на гробиштата, а граѓаните треба да ги следат известувањата за евентуални промени во сообраќајот.

Митровденската задушница претставува ден на сеќавање, молитва и почит кон починатите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.