HomeАктуелноУченик кој го преживеал масакрот во Белград иако неговото име било на списокот на Коста: Не го ни познавав

Ученик кој го преживеал масакрот во Белград иако неговото име било на списокот на Коста: Не го ни познавав

Седмоодделенецот кој вчера изврши уби осум деца и чувар, а рани шест ученици и наставник во основно училиште во Белград, на лист хартија ги напишал имињата на учениците кои планирал да ги убие.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Но, како што пишува српски „Информер“, момчето Ѓ. Ш. успеало да го избегне масакрот во неговото основно училиште иако бил на списокот што го направил ученикот Коста К.

Не знам зошто моето име се најде на списокот и јас се прашувам. Целото училиште ме знае, но јас не го познавав, го знаев само од видување. Познавам некои деца кои беа убиени. На списокот се и моите двајца пријатели, но за среќа не ги застрела. Сите сме многу потресени. Ова е трагедија, изјавил Ѓ. Ш. за Информер.

Сепак едно име од списокот за масакрот било пречкртано и останале 15 имиња.

Од 15-те ученици кои ги запишал и планирал да ги убие, според достапните неофицијални информации, тој убил најмалку тројца од списокот, а ранил уште тројца.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.