Лапароскопската хирургија претставува минимално инвазивна хируршка метода која за разлика од традиционалната отворена хирургија (каде што се употребува голем хируршки рез), овде се користат 3 до 5 мали отвори (портови) низ кои се внесуваат многу мали прецизни современи инструменти за извршување на операции од најразлична патологија вклучително на простата и бубрег.

Има повеќе предности за пациентот со користење на оваа метода:
помала траума за стомачните органи, помала загуба на крв, неспоредливо помала постоперативна болка, подобри естетски резултати, далеку побрзо закрепнување и пократок престој во болница и побрзо враќање кон нормалните секојдневни и работни активности.
Лапароскопијата во Урологијата станува рутинска оперативна процедура во Општа Болница – Охрид, каде што тимот од одделот за Урологија предводен од Др. Томислав Мостров – специјалист по уролошка хирургија заедно со анестезиолошкиот тим предводен од Др. Магдалена Митреска-Пулческа – специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување, за помалку од една година успешно изведоа над 20 лапароскопски уролошки процедури од кои 10 радикални лапароскопски простатектомии поради карцином на простата и патологија на бубрег и варикозни вени на тестис.

Воедно сакаме да изразиме голема благодарност за несебичната соработка на нашата болница со Универзитетската Клиника за Урологија – Скопје, чија што помош и водство започна под менторство на Проф. Др. Сотир Ставридис а соработката продолжи и понатаму со Асс. Др. Јосиф Јанчулев, Со почитЈЗУ Општа Болница Охрид, в.д директор Др. Асен Шајн – стои во фб објавата на ЈЗУ Општа Болница – Охрид.
