HomeАктуелно[ФОТО ГАЛЕРИЈА] Лапароскопијата во Урологијата станува рутинска оперативна процедура во Општа Болница

[ФОТО ГАЛЕРИЈА] Лапароскопијата во Урологијата станува рутинска оперативна процедура во Општа Болница

Лапароскопската хирургија претставува минимално инвазивна хируршка метода која за разлика од традиционалната отворена хирургија (каде што се употребува голем хируршки рез), овде се користат 3 до 5 мали отвори (портови) низ кои се внесуваат многу мали прецизни современи инструменти за извршување на операции од најразлична патологија вклучително на простата и бубрег.
Има повеќе предности за пациентот со користење на оваа метода:
помала траума за стомачните органи, помала загуба на крв, неспоредливо помала постоперативна болка, подобри естетски резултати, далеку побрзо закрепнување и пократок престој во болница и побрзо враќање кон нормалните секојдневни и работни активности.
Лапароскопијата во Урологијата станува рутинска оперативна процедура во Општа Болница – Охрид, каде што тимот од одделот за Урологија предводен од Др. Томислав Мостров – специјалист по уролошка хирургија заедно со анестезиолошкиот тим предводен од Др. Магдалена Митреска-Пулческа – специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување, за помалку од една година успешно изведоа над 20 лапароскопски уролошки процедури од кои 10 радикални лапароскопски простатектомии поради карцином на простата и патологија на бубрег и варикозни вени на тестис.
Воедно сакаме да изразиме голема благодарност за несебичната соработка на нашата болница со Универзитетската Клиника за Урологија – Скопје, чија што помош и водство започна под менторство на Проф. Др. Сотир Ставридис а соработката продолжи и понатаму со Асс. Др. Јосиф Јанчулев, Со почитЈЗУ Општа Болница Охрид,  в.д директор Др. Асен Шајн – стои во фб објавата на ЈЗУ Општа Болница – Охрид.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.