HomeАктуелноХоспитализирани нови 20 случаи меѓу кои и три пожарникари

Хоспитализирани нови 20 случаи меѓу кои и три пожарникари

Директорoт на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, на неговиот Фејсбук профил објави соопштение поврзано со нови хоспитализации на лица повредени во пожарот во Кочани.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Нови 20 хоспитализации

Денеска се хоспитализирани нови 20 случаи, вклучувајќи три пожарникари. Со тоа и покрај преносот во странство бројот на хоспитализирани е околу 90 повредени и тоа во Клинички центар 60 лица, ГОБ 8 септември 17 лица и Св. Наум Охридски 12 лица. На тоа треба да се додадат 8 повредени во Аџибадем Систина и 6 повредени во Жан Митрев. Денеска во странство се пренесени 24 повредени и тоа 13 во Србија, Словенија двајца повредени, Литванија четири, Бугарија еден, Австрија четири (Виена, Грац). Во Србија едно лице е во КЦ Ниш, во ВМА се четири лица и КЦ Белград се осум повредени. Вкупниот број на повредени во странство е 73. Се очекуваат нови транспорти ноќеска во Атина, Грција и Загреб, Хрватска.

Денеска пристигна и тимот од Израел од Шеба центарот. Тимовите од Чешка и Израел се во Клиничкиот центар во Скопје, а денес ги поздрави и Христијан Мицкоски, Претседател на Владата.“ – напиша Клековски во објавата.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.