Нов инцидент со автобус на Дурмо Турс, при движење му пукнала гума. Во автобусот имало луѓе, но за среќа немало никакви последици, велат очевидци за ТВ Клан.

„Околу 12 патници денеска се трауматизирани и исплашени од инцидентот што се случи со автобусот кој сообраќа на линијата Скопје – Гостивар. Во движење на автобусот пукна автобуската гума и возилото на кратко изгуби контрола. Возачот пред настанот го запрел возилото откако забележа дека нешто не е во ред, но по 5 минути продолжи да се движи. Во автобусот се ширеше мирис на нешто запалено а инцидентот се случи набргу потоа. Патувавме до првата наплатна рампа и застанавме таму да не земе друг автобус. Прашањето што се поставува е: Дали требаат повеќе жртви за да има судска одлука за претходниот случај?“, изјавил патникот.
