Денес, 01.09.2023, во 11.25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија Скопје – Охрид.
Операторот од 112 веднаш ги известил МВР – СВР Тетово и ТППЕ Гостивар, додаваат од ЦУК.
Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот абжвтобус.
Нема ниту еден повреден патник.
