HomeАктуелноАеродром ги испрати илинденските коњаници

Аеродром ги испрати илинденските коњаници

Одржувајќи ја традицијата од 1978. година, Илинденските коњаници од Општина Аеродром вечерва тргнаа на пат кон Крушево.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

🐎 По 44-ти пат, во организација на Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, 27 коњаници, меѓу кои и една девојка, тргнаа кон местото каде што започна Илинденското востание и ќе дадат свој значаен придонес во одбележувањето на 119. годишнината од големиот македонски празник.

🥁 Нивниот марш започна од паркот „Јане Сандански“, каде градоначалникот Тимчо Муцунски им го предаде општинското знаме. Потоа, придружени со зурли и тапани коњаниците поминаа низ неколку главни булевари низ Аеродром и се упатија кон црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде се одржа богата културно- уметничка програма, како круна на целиот настан.

Општина Аеродром оваа година беше главен покровител и спонзор на овој голем традиционален настан.

Почитта кон традицијата е една од клучните работи кои го зајакнуваат нашиот идентитет и национално чувство, а гордоста токму Аеродром да биде домаќин на оваа долгогодишна традиција е огромна.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.