HomeАктуелноАкциска контрола во тетовско, приведени странски државјани

Акциска контрола во тетовско, приведени странски државјани

На 04.07.2024 од 01 до 04 часот полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во ноќен клуб во тетовско Желино, со цел откривање на странски државјани со нерегулиран престој во подрачјето или злоупотреба на престојот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При тоа биле затекнати и приведени 18-странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и тоа: две од Србија, седум од Украина, 10 од Албанија, а приведено е и едно машко 46-годишно лице од Албанија, кои престојувале на подрачјето спротивно на целта, односно немале соодветна документација, информираат од МВР.

 

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следат соодветни поднесоци, додавааат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.