HomeАктуелноАкциска контрола во угостителски објекти, приведено лице барано со потерници, точење алкохол на малолетнци

Акциска контрола во угостителски објекти, приведено лице барано со потерници, точење алкохол на малолетнци

Полицијата од СВР Скопје спроведе контрола во угостителските објекти, при што приведен е Д.К. кој се барал со три потерници. Затекнати се пет малолетни лица, а во еден од објектите бил пронајден кокаин.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Констатирано е кривично дело по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица, како и присуство на малолетници во угостителски објекти по 00.00 часот. Констатирани се и прекршоци во однос на неиздавање на фискални сметки и прекршување на законот за пушење, соопшти МВР.

Полицијата ја спроведе контролата заедно со Управата за јавни приходи, Трудовата инспекција и Државниот пазарен инспекторат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.