HomeАктуелноАкциска контроли на полицијата со девизните инспектори во Прилеп, четири лица лишени од слобода поради неовластено вршење размена на валути

Акциска контроли на полицијата со девизните инспектори во Прилеп, четири лица лишени од слобода поради неовластено вршење размена на валути

На 04.07.2023 во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023″, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, во соработка со инспектори од Државниот девизен инспекторат, извршиле контрола на подрачјето на град Прилеп, со цел откривање на кривични дела од Законот за девизното работење.
При контролата биле затекнати 4 лица кои неовластено вршеле размена на странски и домашни валути со други лица. Притоа, М.Т.(61), Ј.К.(65), С.Ѓ.(53) и В.М.(67), сите од Прилеп, биле лишени од слобода, поради сомнение за извршено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови” и кај нив се пронајдени и привремено одземени вкупно околу 1.545.097 денари во различни валути. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Прилеп.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.