HomeАктуелноАкциска сообраќајна контрола на ниво на Македонија, полицијата „лови“ 339 возачи кои пребрзо возеле

Акциска сообраќајна контрола на ниво на Македонија, полицијата „лови“ 339 возачи кои пребрзо возеле

Во текот на вчерашниот ден (03.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 339 возачи. Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 158 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 181 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.