HomeАктуелноАлармантна состојбата со семејното насилство во Охрид – Нов ден, нови пријави

Алармантна состојбата со семејното насилство во Охрид – Нов ден, нови пријави

Нов ден и нови три случаи на семејно насилство во Охрид, пријавени во текот на изминатите 24 часа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 24 март 2026 година, во 23:00 часот во охридско, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44-годишно лице од охридско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна сопруга дека околу 20:00 часот во семејниот дом пријавениот физички го нападнал нивниот 10-годишен син и покрај тоа што против него имало решение од 19 јуни 2025 година со заштитни мерки од 12 месеци во кое било наведено дека му е забрането да врши физичко и психичко насилство кон неговата сопруга и нивните деца. Според пријавеното, тој и претходно се заканувал на неговата сопруга и нејзината мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Во друг случај, на 24 март 2026 година, во 16:30 часот во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со 37-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 24 март 2026 година, во 20:45 часот во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со 60-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 20:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.