HomeАктуелноАлармантно е на Галичица – Граѓаните се мобилизираат да го спасат највредното нешто

Алармантно е на Галичица – Граѓаните се мобилизираат да го спасат највредното нешто

Пожарот на планината Галичица се симнува во туристичиките места и во градот. Денеска тој беше видлив и од плажите. Ветрот го разнесува чадот, а видикот кон планината не е јасен.
Центарот за управување со кризи извести дека пожарникарите денеска цел ден го гаснат жариштето со два воздухоплова – едниот од преспанската страна кај Стење-Лескоец и другиот на охридската страна на запад кај месноста Војтино.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сите воздухоплови имаат свои технички карактеристики а летањето се одвива согласно посебно воспоставени воздухопловни процедури за гаснење на пожари на отворен простор како и шумски пожари, велат од ЦУК.

После консултација со планинската спасителна служба, сите физички спремни доброволци, утре во 07:00 часот да се пријавет кај планинарската куќа Спиридон, (после Црквичето Св. Ѓорѓија на Галичица накај Ресен од десна страна) со свој алат, мотика или гребло!

Од ЦУК извесуваат дека до 19 часот денеска, имало вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои во моментов 14 се активни, 5 се под контрола и 18 се изгаснати.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.