HomeАктуелноАМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри на овие патни правци

АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри на овие патни правци

АМСМ информира дека поради појава на магла намалена е видливоста кај Неготино до 30 метри и Демир Капија до 50 метри.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.

Потсетуваат дека од 15.11.2024 година е во сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15 март годинава.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.