HomeАктуелноАнализата покажува дека Скопје има безбедна вода за пиење

Анализата покажува дека Скопје има безбедна вода за пиење

Примероци од вода, земени на 48 мерни места во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и Канализација – Скопје, соопштувајќи ги резултатите од неделниот извештај за анализа на водата за пиење.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од 17 до 21 јули биле земени 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.

Анализите, како што информира ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ги направи Секторот за санитарна контрола – прва лабораторија во државата акредитирана според стандардот ИСО17025:2018.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.