HomeАктуелноАндоновски од Брисел: Местото на Македонија е во Европа, без уцени

Андоновски од Брисел: Местото на Македонија е во Европа, без уцени

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ е во дводневна посета на Брисел, во рамки на активности на Европската народна партија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Андоновски присуствува на редовната седмица на Политичкото собрание на Европската народна партија, како подготовка за Конгресот на ЕПП во 2024 година и европските избори. Меѓу другото, Андоновски ќe присуствува и на настани во рамки на Неделата на младите на ЕПП, организирана на неколку локации во Брисел.

На средбите Андоновски ја истакна силната поддршка која ВМРО-ДПМНЕ ја дава на вистинското европеизирање на Балканот, преку воспоставување на јасна стратешка позиција на ЕУ кон регионот. Тоа стратешко позиционирање не смее да биде базирано на националистички барања, уцени, непринципиелни отстапки и национални откажувања. Европеизацијата на целиот регион мора да се основа на вистински европски критериуми и заедничка соработка.

Во рамките на настаните, Андоновски ќе оствари и билатерални средби со претставници на политичките партии од Европската народна партија.

 

извор: Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.