Германскиот производител поднел тужба против кинеската стартап компанија Nio пред судот во Минхен, дознаваат германските медиуми. Причината за тужбата е сличноста, но не во визуелна смисла, туку во однос на името на моделот.
Nio е еден од најбрзо растечките кинески производители на автомобили, а од неодамна е присутен и во Европа, каде што планира голема експанзија. Тие тргнале со Норвешка и наскоро требало да пристигнат на германскиот пазар. Првиот модел што бил лансиран е ET7, електричниот пандан на Audi A6.

Сепак, на Audi му пречеле другите модели. Тоа се ES6 и ES8 SUV моделите, за кои Audi тврди дека би можеле да бидат заменети со неговите седани, моделите S6 и S8, пишува Handelsblatt.
„Audi, како и другите успешни компании, секогаш е посветена на сеопфатна заштита на авторските права“, изјави портпаролот на брендот за Handelsblatt. Audi е изненаден од одлуката на кинеската компанија да избере име што го нарушува интегритетот на препознатливите заштитни знаци на Audi.
https://twitter.com/Berlinergy/status/1537374357198077954?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1537374357198077954%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%
