HomeАктуелноБалканскиот Ерусалим со богата забавна програма по повод Новогодишните празници

Балканскиот Ерусалим со богата забавна програма по повод Новогодишните празници

Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
  • На 30-ти декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во 20 часот публиката ќе може да го проследи стендап шоуто 2 Mothers Brothers на Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски.
  • На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак и охридската група Take 5.
  • На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе има дневна забава за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.

Новогодишната програма оваа година го вклучува и проектот „Охридска новогодишна приказна“ кој ќе започне на 24-ти декември и има 20 забавни настани посветени на најмладите. Дел од настаните е предвидено да се одржуваат напладне, а дел во вечерните часови.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.