Во рамки на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи „Безбедно лето“, на 24-ти август 2022 година, полициски службеници од СВР Охрид спроведоа повеќе превентивни активности.
Во автокамп „Градиште“ и паркинг местото на плажа „Оревче“ беше спроведена превентивна активност „Заштити се од кражби на возила“ и притоа беше разговарано со граѓаните и им беа поделени совети како сами да се заштитат од потенцијалните кражби на возило, информираат од СВР.
Додаваат дека на булеварот „Туристичка“ било разговарано за тоа како граѓаните да се заштитат од кражби и тешки кражби во куќи и станови.
Во рамки на сите активности биле поделени и летоци со едукативна содржина.
