HomeАктуелноБектеши: Намалување на цените на пијалаците наредната недела

Бектеши: Намалување на цените на пијалаците наредната недела

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот фејсбук профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци ќе се намалат за 10 отсто во наредниот период.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој информира дека добил неколку писма од домашни производители на минерална вода, сокови и пиво кои го известиле дека доброволно се вклучуваат во кампањата „гарантирана цена”.

Намалување на цените на безалкохлните и алкохолните пијалоци! Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата „гарантирана цена” со намалување на цените од минимум 10 отсто!, наведува Бектеши на својот Фејсбук профил и изразува благодарност за подршката. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.