HomeАктуелноБиблиотека доби два примероци од книгата „Малиот принц“ од Егзипери, отпечатена во Брајово писмо

Библиотека доби два примероци од книгата „Малиот принц“ од Егзипери, отпечатена во Брајово писмо

Во рамките на настанот СТИХОВИ И ЗВУЦИ ЗА ПРЛИЧЕВ во неговата спомен куќа Влатко и Силви Плевнеш ја изведоа песната „1762 лето“ .

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаковсе заб на директорката на нашата библиотека Христина Трпеска и врачи два примерока од книгата „Малиот принц“ од Антоан де  Сент – Егзипери, отпечатена во Брајово писмо. Во таа пригода Трпеска рече:

– Среќна сум што со овие примероци од книгите со Брајово писмо од денеска ја збогатуваме нашата се’ уште мала книжевна збирка со дела наменети и приспособени за лицата со оштетен вид.

Библиотеката секако во рамките на своите можности и дополнително во текот на оваа година да набави уште некоја книга  со Брајово писмо.

Но со гордост можам да кажам дека нашата фонотека од сопствена продукција има повеќе аудио книги и разговори со охридски автори кои можат да се позајмат и слушнат.

Да се заблагодарам за подарокот , но и воопшто  за помошта и реализиацијата на беседите на градоначалникот д-р Кирил Пецаков, неговиот тим и Општина Охрид.

Во рамките на овој настан беше промовирана и книгата  „ОХРИДСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ВО КНИЖЕВНАТА КРИТИКА“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, уредник Митре Велјаноски а промотор беше Бранко Цветкоски.

Покрај директорката Трпеска на овој настан беа и колегите: Владимир Куциноски, Бети Лазеска – Симоноска, Коста Трифуноски и Николче Блажески.

НУ Библиотека

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.