На 01.01.2025 во 01.40 часот, пред ноќен клуб лоциран на улицата „Стив Наумов” во Охрид, приведени се српските државјани Д.Ќ.(20) од Панчево и А.К.(26), Л.С.(22), А.С.(21) и Л.М.(21), сите од Врање, кои претходно, пред објектот го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.01.2025 во 04.05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид, бил примен Д.С.(39) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди откако во ноќен клуб на спортскиот центар во Охрид, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.12.2024 во 19,50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, воспитувачка во една приватна детска градинка во Охрид, била насилна кон малолетно лице кое било запишано за престој во градинката.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава, додава портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 01.01.2025 во 01.10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во куќа лоцирана на улицата „Пролетерски бригади” во Струга, избувнал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
