На 25.10.2024 во 05.40 часот во казино на улица „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиja од слобода А.Ф.(43) од Охрид затоа што физички го нападнал Д.У.(34) од Скопје. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.10.2024 во 13.10 часот, во деловен објект во индустриската зона кај Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од В.Д.(49) врз М.Ф.(53), двајцата од Кичево. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.10.2024 во 16.10 часот во ОВР Кичево, П.Д.(63) од кичевското село Другово пријави дека на булеварот „Ослободување” во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 24.10.2024 во 20.00 часот во полициското одделение во кичевското село Зајас, А.А.(30) од истото село пријавил дека кучиња скитници му усмртиле 21 домашно животно.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.А.(45) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие”. На 11.10.2024 во атарот на струшкото село Богојци, тој со секира им се спротивставил и им упатил закани на двајца припадници на Шумската полиција, кои преземале службени мерки за одземање на дрва што потекнуваат од бесправна сеча.
На 23.10.2024 во 17.10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на 22.10.2024 околу 14.00 часот на улица „Партизанска” во Струга, едно лице физички нападнало малолетник од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.10.2024 во 10.30 часот на кеј „8 Ноември” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиja од слобода Ф.С.(50) од струшкото село Лабуништа, кој во деловен објект во Струга физички ги нападнал С.С., а потоа со остар предмет и Ш.С., двајцата од Лабуништа. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
