HomeАктуелноБилтен СВР Охрид: тупаници и остри предмети пред угостителски објект, малолетник фатен со фалсификувани пари и дрога, во кола си носеле пиштоли и ножеви…

Билтен СВР Охрид: тупаници и остри предмети пред угостителски објект, малолетник фатен со фалсификувани пари и дрога, во кола си носеле пиштоли и ножеви…

На 10.07.2022 година во 04.35 часот, во СВР Охрид се приведени Д.Т.(32), Д.Џ.(35) и А.Т.(32), сите од Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тие, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т. од една, и Д.Џ. и А.Т.од друга страна. Притоа, Д.Т. се заканувал со остар предмет, но бил спречен од полициските службеници кои пристигнале на местото, со што бил избегнат поголем инцидент. Тие се приведени и по целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 10.07.2022 година во 00.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид кај Ј.Д.(28) од Охрид, пронајдоа и одзедоа нож и метален предмет.

Согласно Законот за оружје, истите се одземени и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

На 09.07.2022 година во 22.30 часот во СВР Охрид е приведенен е 16-годишник од охридското село Елшани, бидејќи кај него се пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1050 евра и дрога.

Имено, при преглед извршен на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одземаа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 10.07.2022 година во 00.15 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.Н.(30) од струшкото село Велешта. При преглед извршен во угостителски објект во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Екол“ и два куршуми калибар 6,35 милиметри. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.07.2022 година во 02.00 часот, во СВР Охрид лишени од слобода се Е.П.(38) и О.С (39), двајцата од Струга. При извршена контрола во угостителски објект во Охрид, полициските службеници го затекнале О.С. како му дава ќеса со кокаин на Е.П.. Дрогата е одземена и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09/10.07.2022 година од 22.00 до 03.00 часот, спроведувајќи мерки од кампањата „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од СВР Охрид извршија контроли во угостителски објекти во Охрид.

Притоа, во два угостителски објекти после полноќ се затекнати повеќе малолетни лица  кои консумираат алкохол. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично  дело по член 204 од Кривичниот законик, против правните субјекти ќе биде поднесена пријава, додаваат од СВР Охрид.

На 09/10.07.2022 година од 22.00 до 02.00 часот, на подрачјето на Кичево извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 13 возачи на моторни возила кои во населено место ја надминале дозволената брзина на движење.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.