HomeАктуелноБРАВО! Надоместок за секое новороденче во оваа општина, ЕВЕ колку ќе чини!

БРАВО! Надоместок за секое новороденче во оваа општина, ЕВЕ колку ќе чини!

Градоначалникот на општина Кисела Вода денеска општинскиот совет едногласно одлучил за двојно зголемување на еднократната парична помош за новороденчиња, со покачување од 6.000 на 12.000 денари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според Ѓоргиевски, оваа одлука ја продолжува поддршката на Општината за нејзините најмладите жители, а воедно е и значајна помош за родителите во еден од најважните моменти од нивниот живот.

Тој истакна дека ова е само дел од поширока стратегија на општина Кисела Вода насочена кон помош за младите семејства, кои според него се иднината која создава поголема и подмладена општина.

Поддршката за новороденчињата е многу повеќе од финансиска помош. Градиме нови градинки за да обезбедиме предучилишно образование за сите деца, субвенционираме целодневен престој за децата од семејства во социјален ризик, а за овие деца обезбедуваме и бесплатни оброци, курсеви по странски јазици и информатика во училиштата, вели градоначалникот.

Градоначалникот додаде дека во рамките на оваа програма е и помош за сите првачиња преку повеќе проекти.

Дополнително, во рамките на програмите за поддршка на младите, сите првачиња во општина Кисела Вода добиваат бесплатни ранци и училишен прибор преку проектот „Ранче за секое прваче“, додека за децата од социјално загрозените семејства се организираат бесплатни летувања, што придонесува за нивниот развој и рамноправни можности, вели Ѓорѓиевски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.