Охрид убедлив на кам-бекот во Европа, сигурно слави против Турда.
Ракометарите на Охрид одиграа одлично на кам-бекот на евросцената и убедливо славеа против Потаиса Турда со 31-25 (18-15) во првото коло на Европскиот куп на ЕХФ.
Во перфектна атмосфера во салата „Билјанини Извори“ избраниците на Стевче Алушовски успеаја да дојдат до толку посакуваната победа. Силните најави за стартот на европскиот предизвик се потврдија, па охриѓани со солидна разлика патуваат на реваншот во Романија.
Најефикасни ракометари на мечот беа Никола Јукиќ од Охрид и Кристиан Гита од Турда со по шест реализации. Во македонскиот табор се истакнаа Ојлески со пет, како и Орјоникидѕе и Цирар со по четири гола.
