На меѓународниот карате турнир „Grand prix Macedonia“ кој се одржа на 08.03.2025 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје учествуваа околу 1000 натпреварувачи од Македонија и од соседните земји Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Грција. Каратистката од карате клуб „Кун-су-то“ од Охрид Анастасија Смилевска во категорија кадетки -61 кгр го освои првото место совладувајќи ги натпреварувачките од Македонија, Србија и Бугарија.
