HomeАктуелноБраво! Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб

Браво! Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб

Повреден планинар успешно е спасен откако е добиена пријава преку Единствениот број за итни повици 112.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово остварило координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен.

Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцирале повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнало негово безбедно спуштање кон селото Жужње каде бил преземен од екипа на Итната медицинска помош од Гостивар за понатамошен транспорт и медицински третман.

– Благодарение на брзата реакција и навремената координација на сите надлежни служби, повредениот планинар е безбедно евакуиран и во стабилна состојба, информира вечерва Центарот за управување со кризи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.