HomeАктуелноБранко Црвенкоски застанува зад ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ?

Бранко Црвенкоски застанува зад ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ?

Фотографија од заедничка вечера во Охрид ги прикажува Бранко Црвенковски, Кирил Пецаков и Сашо Донев на иста маса. Средбата, како и објавата на Марина Ѓоргоска, предизвикаа реакции на социјалните мрежи.
Познавачите на состојбите во СДСМ ова го толкуваат како класична предизборна шлаканица за Венко Филипче и Зоран Заев, акт со кој „Папата“ дава јасна и јавна поддршка на партијата на Максим Димитриевски и на некогаш вечните опоненти ВМРО-ДПМНЕ, силно разочаран од антимакедонските политики на Заев и неговите октроирани наследници на тронот на СДСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поранешниот премиер, претседател на државата, лидер и икона на СДСМ, Бранко Црвенковски, предизвика бура реакции во јавноста откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои е во друштво на членови на партиите ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ. објави Скопје1.мк

На една од фотографиите, Црвенковски, кој со години е повлечен од јавниот и политички живот, е фотографиран во Охрид на иста маса со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Сашо Донев и Јован Мирчевски, сопственик на „Пупе Компани“.

На друга фотографија, која самата си ја објави на ФБ, Црвенковски е во друштво на Марина Ѓорговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.

„Cо најдобриот и посебен лидер , кафе во најубавиот Охрид, напиша Ѓорговска.

Објавените фотографии веднаш предизвикаа лавина коментари, особено поради долгогодишното повлекување на Црвенковски од јавната сцена.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.