HomeАктуелноБрзо возење или под дејство на алкохол ќе се казнува со затворски казни

Брзо возење или под дејство на алкохол ќе се казнува со затворски казни

Министерството за правда предлага нов член 403 „Безобѕирно управување со моторно возило“ што ќе се води како кривично дело кое предвидува парични или казна затвор до три години.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Возењето под дејство на алкохол со најмалку 1,50г/промили во крвта или пак под дејство на дроги и психотропни супстанци, возењето во забранет правец, претекнувањето на колона возила на непрегледно место и возењето над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина ако досега се казнуваше прекршочно, со новите предлог измени во кривичниот законик се планира да се казнува како кривично дело.

Од министерството за правда кои се предлагачи на измените велат дека причините за ваквиот предлог се случувањата во изминативе години кога безбедноста на сообраќајот беше значително загрозена со многубројни дејствија наведени во членот 403, а сторителите одговараа само прекршочно.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.