Почитувани читатели, веб-порталот powerinfo.mk ја поддржува иницијативата и апелираме до сите медиуми да не пренесуваат видео материјали и фотографии од погребите на жртвите од трагичниот инцидент во Кочани и останатите градови.
По загубата на 59 наши млади сограѓани, кои трагично и недостоинствено ги изгубија своите животи, медиумите имаат морална одговорност да дозволат на нивните роднини да ги испратат своите блиски на начин кој ќе биде достоинствен и човечен.
Како медиуми мора да застанеме цврсто и да ги оставиме семејствата на прерано загинатите да ги испратат своите најблиски до вечното почивалиште, да се помолиме за сила да се издржи сѐ ова и никогаш ама баш никогаш ова да не се повтори од таа кобна ноќ…Да се помолиме и за сите оние кои се во болничките кревети и се борат за својот живот.
