HomeАктуелно[ видео+фото ] Момче ја запроси својата девојка на едно од најубавите места – Познатиот манастир „Острог“ во Црна Гора

[ видео+фото ] Момче ја запроси својата девојка на едно од најубавите места – Познатиот манастир „Острог“ во Црна Гора

„Ја запросил на најубавото место“ – стои во дел од коментарите на кои се гледа како едно момче од Србија одлучило да ја запроси саканата додека чекале да влезат во познатиот манастир „Острог“ во Црна Гора.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како млад Србин одлучи да ѝ приреди романтично запросување на својата сакана, а тоа го направи во манастирот Острог во Црна Гора.

Додека големиот број посетители чекаа за да влезат во манастирот кој е едно од најпосетуваните свети места на Балканот, на момчето му помогна пријателот којшто кришум дотрча до него и му го подаде прстенот.

Ја завршив задачата – пишува накратко тиктокерот на видеото откако му го подаде прстенот.

Видеото е објавено на ТикТок на профилот на срспкиот тиктокер N. Grbovvv, а во позадина тече песната на Калиопи и Жељко Самарџиќ, „Знам“.

ВИДЕО

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.