HomeАктуелно[Видео] Ангелов: Силен пожар кај селото Косел, во близина на Охрид, таму е упатен еден хеликоптер

[Видео] Ангелов: Силен пожар кај селото Косел, во близина на Охрид, таму е упатен еден хеликоптер

Во моментов на територијата на Македонија беснеат девет пожари на отворено. На пожарот на Осоговските планини, Општина Пробиштип, на исклучително тешко пристапен терен се делува со осум хеликоптери. Пожарот кај селата Тажево и Брезница кон Јасен, Македонски Брод, е на тешко пристапен терен и денеска тука се упати тимот од Унгарија, две тешки теренски возила и 46 добро обучени пожарникари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На Илинска планина пожарот се гасне со три ер-трактори, но резултатот е слаб. Пожарот на територијата на Општина Пласница е под контрола, но во Пехчево гори борова шума. Овој пожар беше под контрола, но повторно се разгоре.

Попладнево силен пожар изби кај селото Косел,  Охрид, и во опасност е боровата шума во околината. Таму е упатен еден хеликоптер.

И во Скопје избија два пожари, кај Зелениково и Љубанци.

Во јули на територијата на Македонија регистрирани се 620 пожари на отворено, од кои 611 се изгаснати. На 29 јули беше рекордот – 66 пожари во еден ден.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.